Од денеска забрането пцуењето во Русија
Во Русија денеска стапи на сила забраната за пцуење во филмовите, театарските претстави и книги, во согласност со законот кој е усвоен во мај оваа година, чија цел е заштита и развој на руската лингвистичка култура, соопштуваат од Кремљ.
Филмовите кои содржат пцовки и непристојно изразување ќе бидат забранети, а книгите со слични содржини мораат да се продаваат во запечатени пакувања на кои ќе има одговорно предупредување.
Театрите нема да можат да прикажуваат претстави со пцовки, а казната за непочитување на овие правила е 50.000 рублји (1500 долари) за секој поедиечен прекршок.Руските медиуми јавија дека полицијата со помош на посебен софтвер swear-bot вреден 25 милини рублји (околу 730.000 долари) ќе трага за пцовките на интернет. Се очекува ова да биде проблем за системот бидејќи русите се познати како креативни и иновативни кога станува збор за пцовки.
Во рускиот речник на пцовките постојат 1200 различни изрази само за машкиот половен орган.
Рестрикцијата за пцовки и непристојно изразување ќе се однесува и на блогерите и недржавните медиуми.