Од денеска точење бензин за помалку од 50 денари
Од денеска малопродажната цена на горивата во Македонија уште повеќе ќе се намали. следејќи согласно референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период кои бележат радикално намалување.
Највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт,
изнесуваат:
- Моторен бензин Еуросупер 95 - 49,50 денари/литар, Моторен бензин - Еуросупер 98 - 52,00 денари, Дизел гориво - 45,50, Екстра-лесно масло за горење - 34,50 и Мазут - 18,738 денари.
Малопродажната цена на бензинот Еуросупер 95 се намалува за 5 денари по литар, Кај Еуросупер 98 се бележи намалување за 4,5 денари, Дизел горивото и Екстра лесното масло за домаќинство се намалуваат за 3 денари, додека мазутот се намалува за 3,195 денари.
