Економија, финансии, бизнис

Контакт

Од денеска слободен влез во Хрватска

Од денеска слободен влез во Хрватска

Во Хрватска од денеска тргнати се сите ограничувања на границите за влез во земјата. Да потсетиме, последната важечка одлука за ограничени гранични премини важеше до 30 април и не беше продолжена.

Од Министерството за внатрешни работи на Хрватска потврдија дека од денеска веќе не важат ограничувањата на границите што беа донесени за време на пандемијата на коронавирус.

„Важноста на Одлуката за привремено ограничување на преминувањето на граничните премини на Република Хрватска, која важеше до 30 април 2022 година, не е продолжена“, велат од МВР. 

Влезот во Република Хрватска е дозволен под условите за влез кои важеле пред епидемијата на Ковид-19, односно под условите пропишани со Шенгенскиот граничен кодекс, Законот за странци итн., но без исполнување на епидемиолошки услови, “, дополни министерството..


Слично

Поврзани вести