Од денеска сите три топлани ќе работат на природен гас
Од денеска сите три топлани во Скопје ќе работат на природен гас и ќе испорачуваат топлинска енергија.
Вчера во попладневните часови беше постигнат договор меѓу Електрани на Северна Македонија и Топлана „Скопје-Север“ и од денеска се очекува во овој дел од главниот град повторно да има парно.
АД ЕСМ вчера извести дека испораката на топлинска енергија тече непречено кон топланите Исток и Запад и дека така и ќе продолжи и во следниот период.
- За месец декември е обезбеден природен гас од МАКПЕТРОЛ ПРОМ-ГАС и топлинска енергија од ТЕ ТО. АД ЕСМ продолжува со практиката за набавка на природен гас во покуси временски периоди поради финансиски подобрите услови - пишува во соопштението на ЕСМ.
Тие воедно демантираа написи на медиумите дека гас има за еден ден.
