Економија, финансии, бизнис

Контакт

Од денеска регистрација на возила донесени од странство со 50 отсто намалување

Од денеска регистрација на возила донесени од странство со 50 отсто намалување

Од денеска започнува регистрацијата на возилата со странски таблички, според најавата што вчера ја даде министерот за економија Крешник Бектеши.

Пререгистрацијата на возилата со странски таблички по донесувањето на законското решение е овозможено со донесувањето на правилникот за Поединечно одобрување на возила. Бектеши очекува до денеска актот да биде објавен во Службен весник и да стапи на сила законот.

- Во законското решение кое го усвоивме предвидено е Законот да стапи на сила 20 дена откако ќе биде објавен во Службен весник. Токму во одредени членови од Законот е предвидено да се донесат соодветни правилници, а вчера Министерството за економија го донесе правилникот за Поединечно одобрување на возилата, рече министерот.

Владата кон крајот на минатата година донесе одлука сите возила кои заклучно 1 октомври 2020 година влегле на територијата на Македонија и се со странски регистарски таблички, да можат во рок од една година да се регистрираат во земјата со  намалени давачки за 50 проценти од утврдената вредност на сите давачки кои се наплатуваат при увоз од страна на надлежните државни органи.


Слично

Поврзани вести