Економија, финансии, бизнис

Контакт

Од денеска продолжува договорот на ЕСМ со „Макпетрол“ за греење на скопјани со гас

Од денеска продолжува договорот на ЕСМ со „Макпетрол“ за греење на скопјани со гас

АД ЕСМ од денеска го продолжува загревањето на топланите „Исток“ и „Запад“ преку нов договор со „Макпетрол“ за набавка на природен гас за периодот од 1 до 15 ноември. Со новиот договор ќе работи и КОГЕЛ во подружница ЕСМ Енергетика за периодот 1 до 30 ноември. Во моментов тековите на берзата укажуваат на тоа дека поисплатливо е да се правата краткорочни, отколку долгорочни договори.

Од ЕСМ објавија дека се уште нема договор за тополнителна топлинска енергија со ТЕ-ТО но дека се очекува во наредните денови да биде постигнат и договор со гасната централа. Извесно е дека поради падот на цената на гасот и топлите температури нема да има потреба од барање на дополнителни количини на природен гас од Владата за потребите на ТЕ-ТО, туку ќе се склучи договор за откуп на топлинската енергија како нус-производ од тековниот режим на работење на постројката.

– Со оглед на тоа што приватната гасна електрана ТЕ-ТО има обезбедено гас за својот режим на работа за ноември, за неа не е извршена набавка од АД ЕСМ, информираа од ЕСМ.

Единствениот конкурент на „Макпетрол“ за набавка на природен гас, фирмата ПГО, инаку препорачана од опозицијата, известила дека не е во можност да почне да испорачува од 1 ноември, туку од 15 ноември, кога се очекува да аплицира со понуда за снабдување.

Како опоција останува и користењето на дизел гориво за двете топлани.


Слично

Поврзани вести