Економија, финансии, бизнис

Контакт

Од денеска повторно поскапени горива

Од денеска повторно поскапени горива

Цените на малопродажбата на горивата од полноќ се зголемени за половина до еден денар, по вчерашната одлука на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). 

За половина денар е повисока цената на бензионот Еуросупер 95 и екстра лесното масло за домаќинство, додека за еден денар е повисока цената на Еуросупер 98 и дизелот.

Според тоа, цената на Еуросупер 95 изнесува 63,5 денари од литар, на Еуросупер 98 е 61,5. Дизелот чини 53,5 денари, а црвената нафта за загревање е 53 денари.

Со одлуката на РКЕ за 0,605 денари за килограм е зголемена и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и истиот чини 26,585 денари за килограм.


Слично

Поврзани вести