Од денеска основните производи за исхрана во продажба без данок
Од денеска основните производи за исхрана ќе се продаваат во трговијата со нила проценти ДДВ.
За сите маркети кои продаваат леб, брашно тип -400, млеко со масленост од 2%, 3,2% и 3,5 % масленост, бел шеќер, сончогледово масло, месо и други кланични производи за јадење, бел ориз, и јајца денеска најдовна ќе мора да ги прилагодат фискалните апарати.
Ова значи дека сите продажни објекти кои ги продаваат овие производи при малопродажба, потребно е да издаваат фискална сметка со даночна стапка од 0%, односно да бидат ослободени од данокот на додадена вредност.
Законската обврска произлегува од Законот за изменување и дополнување на Законот за додадена вредност со кои се пропишува ослободување од оданочување со ДДВ за основните производи за исхрана.
Одлуката ќе трае до 31 мај 2022 година.
Слично
