ОД ДЕНЕСКА НОВИ ЦЕНИ: ДИЗЕЛОТ ПОСКАП ЗА 8,5 ДЕНАРИ, БЕНЗИНИТЕ ЗА 3,5 ДЕНАРИ, РКЕ ја намали маржата на трговците за 33 отсто
Согласно овие податоци, РКЕ донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 6,88 отсто, во споредба со одлуката од 7 март.
„Донесовме одлука со која ја намаливме трговската маржа за 33 отсто на сите трговци со нафтени деривати. Ова е единствен механизам кој на РКЕ му стои на располагање. И сега го активираме затоа што ова се вонредни услови, и мора сите да покажат солидарност. На овој начин, во крајната цена влијаеме делумно да се амортизира огромниот пораст. Дополнително олеснување врз притисокот на крајната цена ќе бидат и најавените измени во делот на ДДВ и акциза, кои апелираме побрзо да се донесат“, изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 3,50 денари/литар, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 8,50 денари/литар.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 6,50 денари/литар. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 4,846 денар/килограм и сега ќе изнесува 59,165 ден/кг.
Па така, од денеска максималните цени на нафтените деривати изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 93,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 95,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) - 94,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) - 90,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС - 59,165 (денари/килограм)
