Економија, финансии, бизнис

Контакт

Од денеска 165 лекови по пониски цени во аптеките

Од денеска 165 лекови по пониски цени во аптеките

Поевтинуваат 165 лекови од денеска,  така што некои од нив граѓаните ќе можат да ги купат и по двојно пониска цена.

Се работи за антибиотици, лекови за третман на висок крвен притисок, депресија, леукемија, канцер. Дел од лековите се намалени повеќепати, а некои лекови се поевтинувани девет пати досега. Во земјава, во последните четири години лековите се намалуваат двапати годишно, вообичаено во март и во октомври.

„Вкупната заштеда само од ова намалување на цената на лековите е над 653.000 евра. Досега од сите овие осум претходно намалување на цените на лековите се заштедени над 33 милиони евра“- изјави министерот за здравство, Никола Тодоров.

Некои лекови се поевтини за 40, а некои и за 60%. За четири години поевтинија повеќе од 4.700 лекови. Заштедите се користат за инвестиции во здравствениот систем, додаваат надлежните.

Слично

Поврзани вести