Од денес стапуваат на сила нови визни ограничувања за Сиријците во Турција
Денес влегува во сила визниот режим за сириските граѓани на територијата на Турција, кои влегуваат во земјата од трети земји како Либан и Египет, пренесува „Irish Times“.
Владата во Анкара ги презеде активностите против Сирија, за да се намали протокот на бегалци, кои поминуваат низ Турција на патот кон Европа.
Според податоците на Високиот комесаријат на ОН за бегалци, 800 луѓе се присутни на грчкиот брег, кои тргнале со чамци од Турција во 2015 година. Поголемиот дел од нив биле Сиријци.
Сиријците, кои влегуваат во Турција по земја директно од Сирија ќе бидат прифатени како бегалци, изјавил портпаролот на турското Министерство за надворешни работи за „DPA“, додавајќи дека земјата нема да ја наруши својата политика на отворени врати.
Активистите сепак се пожалија дека во реалноста на терен турските гранични службеници ги малтретираат бегалците и ги враќаат назад на територијата на Сирија. Вкупно 2,2 милиони сириски бегалци се регистрирани на територијата на Турција. Тие се сместени во 25 кампови во земјата.
На крајот на ноември Турција и Европската унија склучија договор според кој Анкара се обврзува да го намали протокот на бегалци кон земјите членки против финансиска помош, визна либерализација и забрзување на политичкиот дијалог помеѓу Турција и Анкара.
Оваа недела сепак беше јасно дека европските лидери не се задоволни од начинот на кој Турција го изврши договорот. Првиот заменик-претседател на Еврокомисијата, Франс Тимерманс ќе биде во посета на Анкара во недела, за да разговара за напредокот и мерките за имиграција на турската страна.
