Економија, финансии, бизнис

Контакт

Oд денес нови пониски цени за роаминг во ЕУ

Oд денес нови пониски цени за роаминг во ЕУ

Новите цени за роаминг во Европската унија влегуваат во сила од оваа сабота (30 април).

Досегашниот режим предвидуваше скапа такса за водење разговори, додека новиот роаминг ќе се плаќа поефтино кон националната тарифа.

Операторите ќе можат да наплатат само мала дополнителна сума кон цените на домашниот пазар.

По промените појдовните повици во земјите од ЕУ ќе чинат колку и кај операторот во сопствената земја. Во некои земји тоа може да е речиси бесплатно, со мала доплата - околу 5 евроценти. Цената за дојдовен повик во странство ќе се формира со малку поголема камата - околу 1 евроценти.

Цените на пораките ќе бидат како цените на мобилниот оператор, со дополнителни трошоци од 2 евроценти. Се менуваат и цените на мегабајт интернет. Полнењето ќе биде според личниот план кај мобилниот оператор плус 5 евроценти максимална цени.

Од 15 јуни 2017 година, пак, нема да има никакви дополнителни трошоци за роаминг, а телекомуникациските услуги ќе се наплаќаат на истата тарифа како националната. Таксата за роаминг отпаѓа, под услов ако користите телефон во странство привремено. Сеуште ќе можат да наплаќаат за постојано користење на SIM картичка во друга земја.

Слично

Поврзани вести