Од денес нова гранична агенција во ЕУ
Во ЕУ од денес почнува да работи ново тело за заштита на границите, кое ќе го замени сегашниот Фронтекс, ќе се има на располагање повеќе луѓе и опрема, како и можост за брза интервенција.
Европските лидери, како што соопштува слободна европа, симболично одлучиле оваа нова гранична служба да ја инаугурираат на границата со Бугарија и Турција, што е главна точка за влез на мигранти кои одлучат да одат по копнен пат и така да избегнат опасен премин преку Медитеранот.
Земјите членки во оваа Агенција гледаат и шанса да пружат порака дека се единствени во поглед на мигрантската политика која пробуди поделби помеѓу земјите членки , посебно несогласување на некои земји од источна и централна Европа од една страна и од друга страна Германија која се залага за политика на „отворени врати“.
Новата агенција за заштита на границите и бреговите би требало да биде во состојба да ги препознае слабите точки и да ги исправи на време, а не кога биде предоцна, најави во јуни претседателот на ЕК Жан Клод Јункер.
