ОД ДЕНЕС ДИЗЕЛОТ СЕ ТОЧИ ПО ПОЕВТИНА ЦЕНА а еве колку ќе се плаќа за бензин
По полноќ стапија новите цени на нафтените деривати по одлуката на регулаторното тело согласно која дизелот поевтини додека бензините не забележаа промени во цените.
Тоа значи дека од денес па во следните седум дена цената на дизелот ќе биде поевтина за денар и половина односно 62 ден/лит.
Од друга страна цената на бензините е непроменета или ЕУРОСУПЕР БС - 95 73,00 (денари/литар) и ЕУРОСУПЕР БС -98 - 75,00 (денари/литар).
Овие цени ќе бидат на сила се до наредниот понеделник.
Слично
