Од денес ако сте во Србија, БиХ или Црна Гора ќе плаќате поевтин роминг
Од денес стартуваат новите поевтини тарифи на роаминг услугите на телекомуникациските оператори, па така корисниците од Македонија кои се наоѓаат во Србија, Црна Гора и БиХ ќе плаќаат помалку за телефонски повици, пораки и мобилен интернет.
За една минута разговор во роаминг ќе се наплаќаат по 11,6 денари, за СМС порака 3,7 денари, а за мегабајт-интернет 12,3 денари.
Ова е трето и последно намалување на цената на мобилниот роаминг предвидено со договорот од септември 2015 година склучен помеѓу четирите држави од регионот.
Договорот беше постигнат со цел да поевтинат роаминг услугите во регионот коишто се значително повисоки со цените во државите од Европската унија.
Од 15 минатиот месец стапи во сила одлуката за укинување на роамингот за телекомуникациските услуги за земјите од Европската Унија. Мерка се однесува за жителите на земјите од Европската унија, кои патуваат во рамки на Унијата.
