Економија, финансии, бизнис

Контакт

Од четврток в паричник ќе имаме нови банкноти

Од четврток в паричник ќе имаме нови банкноти

5000-ката официјално оди во историјата а ние во паричник од четврток ќе имаме нови банкноти.

Официјално ќе бидат пуштени во оптек новите 200 и 2000 банкноти.

Како ќе изгледаат тие?

Банкнотите ќе бидат соодветно заштитени, ќе се печатат на специјална хартија во бела боја, со вграден воден печат, заштитна испрекината нитка со впишан текст НБРМ, видливи и невидливи влакна кои рефлектираат во жолта, сина и зелена боја под дејство на ултравиолетови зраци и зајакнати рабови за да се спречат физички оштетувања. 

Според она што го соопшти централната банка на банкнотите од 200 денари ќе има мотиви од релјеф од виничките теракотни икони, како и елементи од челната фасада на Шарената џамија во Тетово додека на банкнотата од 2.000 денари, на предната страна ќе стои македонска невестинска носија од Прилепско Поле, а на задната ќе има декорација од внатрешна страна на позлатен сад.  

Слично

Поврзани вести