Од Чешка во Македонија: Екстрадиран обвинет во случајот „Шпион“!
Борис Перков, 52-годишен велешанец, осомничен во аферата „Шпион“, утрово е екстрадиран од Прага во Скопје, потврди МВР. Екстрадицијата се одвивала преку аеродромот во Виена и Перков веќе се наоѓа во Истражниот затвор - Скопје.
Перков чекаше екстрадиција во Прага од септември лани, кога беше уапсен по меѓународна потерница распишана од македонските власти. Во Србија екстрадиција за овој случај очекува и новинарот Зоран Божиновски, а уште еден осомничен Јане Младеновски сèуште не е достапен за органите на прогонот.
Против овие тројца, Обвинителството првично ја прекина истрагата, но не се откажа од прогон. Судскиот процес за случајот „Шпион“ веќе е во тек, а во него се обвинети 20 лица кои одговараат за оддавање државни тајни, злосторничко здружување, закани и изнуди. На последното рочиште сведочеа и двајца македонски бизнисмени - Трифун Костовски и Минчо Јорданов, кои открија како групата ги уценувала за од нив да извлече пари.
Слично
