ОД БРИСЕЛ СО ЉУБОВ: Најгрдото лице на Македонија во последните 7 години!
Спорот со името со Грција не веќе единствена пречка за почеток на преговори со ЕУ како што се наведуваше во речиси сите досегашни извештаи . Овој пат ЕК бара да се реализираат и имплементираат обврските од Договорот во Пржино за Брисел да даде „зелено светло “ за почеток на преговори со ЕУ . За првпат после низа години Македонија се условува со решавање на внатрешната политичка криза .Ако за последниве години алби беше проблемот со јужниот сосед како главна пречка за интеграција на земјата, оваа година препорката е многу јасна –решете ги вантрешни проблеми ако мислите да напредуваате во евроинтегративниот процес.
Поранешниот македонски амбасадор во ЕУ Блерим Река за Фактор вели дека ако добро се анализираат пораките од Брисел без двоумење ќе може да се констатира дека после шест години, ова е најлошиот извештај кој го добила земјата.
„Би потенцирал две главни формулации кои ги немаше во изминативе години а тоа се : „Земјата се соочува со сериози предизвици“, а втората е: „Земјата се наоаѓа во најтешката политичка криза после 2001 година“. Ако за една земјата кандидат се користат вакви тешки формулации , тогаш ние треба многу сериозно да размислиме не само како ке ги исполниме задачите кои ни се поставени туку и како ќе го трасираме патот на Македонија во наредните години. Загрижувачки е што меѓунардоните партнери на моменти беа принудени да користат и недипломатски речник за да ги вразумат власта и опозицијата да ги усогласат ставовите за Договорот од Пржино . Ова доволно кажува во каква состојба е доведена земјата. Вториот важен елемент е потребата од целосно спроведување на Рамковниот договор. Во овој дел освен што се нотираат кревките меѓуетничка односи , сега се изразува загриженост и од интраетничките релации. Што значи дека не се проблем само односите меѓу македонците и албанците туку и тензиите кои владеат во македонскиот политички блок “ , посочува екс амбасадор Блерим Река
Консултираните за Фактор посочуваат дека Брисел можел без двоумење да и ја одземе препораката на Македонија, меѓутоа тие костатирале дека со таквиот потег ќе ја казнеле не само Владата туку и целиот народ кој е најмалку виновен за ситуацијата во која е доведена земјата .
„Брисел за првпат многу отворено и дирекно ни ги предочи недостатоциите . Има големо разочарување во функционирањето на институциите како и од индиферентноста на Влада во исполнувањето на Копенхашките критериуми . Одлуката на ЕК да се наврати на Македонија по спроевдувањето на избрите е со цел да се види како ќе се однесуваат политиките субјекти и како ќе бидат спроведени изборите во април . Ова е голем несупех за Македонија , вели поранешниот амбасадор на Македонија во ЕУ Нано Ружин .
Во делот на медиумската слобода, во извештајот се забележува дека во земјата треба да се направат дополнителни напори за медиумите да претставуваат еден од главните столбови на демократијата. За Брисел важно е државата да им обезбеди на новинарите слободно да си ги извршуваат своите задачи , а законите против клевета и други закони да не се користат за да се врши цензура и да се ограничува јавната дебата.
Според Билјана Петковска , директор на Македонскиот институт за медиуми , извештајот во делот за медиумите е прилично објективен и за разлика од изминатите години, мошне прецизно укажува на слабостите и проблемите во овој сегмент.
„Препораките за решавање на посочените проблеми се исто така издржани и валидни. Ваквото директно посочување кон проблематичните субјекти и институциите кои се одговорни за подобрување на состојбата треба да биде патоказ за релеватните чинители, пред се политичките партии, институциите, медиумите и граѓанското општество многу поактивно да се ангажираат за да се унапредат слободата на изразување и медиумските состојби во целина. Релативизирањето или негирањето на заклучоците и препораките ниту ќе ги решат проблемите ниту ќе ја сменат грдата слика за лошата состојба и назадувањето на земјата во оваа сфера“ , оценува Петковска .
Аферата „Прислушување “, во која според Брисел се вклучени високи владини претставници, сугерираат кршење на основните човекови права, мешање во независноста на судството, слободата на медиумите и изборите, како и нивна инволвираност во корупција. Токму затоа се очекува надлежните институции целосно да го расветлат овој случај .
Р.Ф.
Слично
