Економија, финансии, бизнис

Контакт

Од безбедносни причини Пахор и Китаровиќ не стигнаа до каменот 59

Од безбедносни причини Пахор и Китаровиќ не стигнаа до каменот 59

Претседателите на Словенија и Хрватска, Борут Пахор и Колинда Грабар Китаровиќ, денеска го посетија  прифатниот центар Винојуг Гевгелија, а не беа до каменот 59 од безбедносни причини.

Со солзавец безбедносните сили држат на растојание околу 300 мигранти кои се обидуваат да ја пробијат жичаната ограда. Пахор и Китаровиќ се во дводневна посета на земјава  и тие заедно со македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов, тргнаа кон каменот 59, но мораа да се откажат од намерата затоа што група мигранти од Идомени се подготвува да тргне кон границата.

Претседателите ќе имаат средба со полицајците од Словенија и Хрватска, кои им помагаат на македонските безбедносни сили на македонско­-грчката граница во справувањето со мигрантите.

Слично

Поврзани вести