Економија, финансии, бизнис

Контакт

Од амбасадата на САД бараат одложување на изборите

Од амбасадата на САД бараат одложување на изборите

Од амбасадата на САД бараат да се свика Собранието и да се одложат  изборите.

Фактот дека само една голема политичка партија поднесе кандидатски листи за изборите за 5 јуни ја потенцира и засилува загриженоста дека условите не се погодни за спроведување на кредибилни избори, велат од амбасадата на САД, на прашањето од„Мета“ за чекорот на владејачката партија сепак да поднесе кандидатски листи на пратеници до Државната изборна комисија (ДИК).

„Останува уште недовршена работа во врска со реформите во медиумите, заплашувањето на гласачите, како и избирачкиот список. Помилувањата на претседателот од 12 април само придонесоа кон зголемување на чувството на неказнивост, особено што се однесува за можни изборни злоупотреби. Доколку има избори на 5 јуни, тие нема ништо да придонесат за решавање на политичката криза во Македонија или за изградба на доверба во институциите, а само ќе ја загрозат евро-атлантската интеграција на земјата“ – велат од амбасадата на САД.

Ги повикуваат партиите повторно да го свикаат Собранието, да ги откажат изборите, да ги поништат помилувањата, и повторно да се посветат на спроведување на агресивна реформска агенда втемелена во Пржинскиот договор, итните реформски приоритети на ЕУ, Извештајот на Прибе и препораките на ОБСЕ/ОДИХР.

Слично

Поврзани вести