Економија, финансии, бизнис

Контакт

Од „Александар Велики“ најмногу се летало за Истанбул и Цирих

Од „Александар Велики“ најмногу се летало за Истанбул и Цирих

Омилена дестинација за македонските патници од „Александар Велики“ и охридскиот „Св. Апостол Павле“, биле Истанбул и Цирих.

Зголемен број на патници за 20 посто бележат двата македонски аеродроми од јануари до септември годинава, изразено во бројки тоа би било 1.183.728 патници.

49 проценти пазарен удел реализирале од компанијата на Висер или најголем број превезени патници, додека „Туркиш ерлјанс“’, „Аустриан ерлајнс“, „Пегасус ерлајнс“, „Ер Србија“ и „Еделвејс“ придонеле да се реализираат вкупно  11.695 летови, што е пораст за 10 проценти.

На македонско тло од следната година летови ќе реализира и бегискиот тур-оператор  „Томас Кук“ со  понуда на  летови на релација Белгија – Охрид.

Зоран Крстевски, генералниот директор на ТАВ Македонија изрази задоволство од зголемената побарувачка и покажан интерес од страна на соседите да патуваат во Македонија.

Тој посочи дека се очекува овој тренд да продолжи да расте и со новите воведени линии од двете авиопристаништа – шесте од Скопје за Женева, Фридрихсхафен, Осло, Барселона, Хамбург и Нинберг, како и двете од Охрид – за Лондон и Базел.

Слично

Поврзани вести