Економија, финансии, бизнис

Контакт

Oд 7,7 милијарди денари во 2005 година, дупката во Фондот на ПИОМ во 2016 пораснала на 21,2 милијарда денари

Oд 7,7 милијарди денари во 2005 година, дупката во Фондот на ПИОМ во 2016 пораснала на 21,2 милијарда денари

Тројно зголемување на дупката во Фондот на ПИОМ за десет години. Ова денеска го соопшти министерката за труд и социјална политика ,Мила Царовска која соопшти дека дупката во Фондот на ПИОМ или трансфер буџетот во 2005 година бил 7,7 милијарди денари, а во 2016 година дупката во ПИОМ се зголемила тројно, односно недостигот на средства е 21,2 милијарда денари.

Царовска ја обвини претходната власт дека имала неодговорен однос кон пензионерите и пензиите во Македонија.

„Дупката е огромна и ние ќе се трудиме да најдеме начин како ќе го стабилизираме Фондот. Затоа ни е важно да имаме повисоки плати во РМ, а со тоа ќе добиеме и повисоки пензии. Колку ја зголемувате дупката во ПИОМ толку помалку внимавате за квалитетот на живот на пензионерите“, истакна Царовска.

Таа посочи дека нема да бидат укинувани никакви права на пензионерите, како што се бесплатниот јавен превоз или бесплатните бањи и викенди, ниту за тоа станало збор.

Во однос на старосната граница за пензионирање министерката потенцираше дека нема  никаков официјалн став или предлог од Министерството за финансии за зголемување на истата.

Слично

Поврзани вести