Од 63 000 имигранти во Хрватска само еден побарал да остане
Вкупно 63 000 бегалци кои пристигнале за 10 дена во Хрватска, само еден посакал да остане во земјата. Тоа, го изјавил за „ТАСС“ министерот за надворешни работи на Хрватска, Весна Пусиќ, прецизирајќи дека само една жена со деца побарала засолниште.
„Земјите од Балканскиот Полуостров и Унгарија се само транзитни зони за бегалците“, изјавила Пусиќ. Според неа, ЕУ треба да и помогне финансиски на Турција, за да се справи со приливот на имигранти.
Хрватскиот министер за одбрана Анте Котромановиќ пак објавил дека секој бегалец, кој поминува низ територијата на Србија плаќа по 100 евра.
„Бегалците пристигнуваат организирано до хрватската граница“, додал Котромановиќ.
Во меѓувреме чешките полицајци откриле во камп за бегалци импровизирани ножеви и други остри предмети. Имигрантите ги направиле, за да се заштитат од соседите.
Најмалку 17 бегалци се удавиле откако нивниот брод потонал до турското летувалиште Бодрум. 20 лица се спасени.
