Од 5-ти јули: Нема регистрација ако не работат бришачите и ако возилото е валканo
Според новиот правилник, техничкиот преглед ќе трае 30 минути и ќе се внимава на секој детаљ.
Во Србија од 5- јули стапува во сила законот според кој автомобилите нема да поминат технички преглед доколку бришачите не работат или доколку автомобилот е валкан.
Истото важи и за возилата кои имаат пукнато стакло поголемо од 10 сантиметри, механички оштетувања, неисправни кочници, волан и светла, некомплетна опрема или ако сопственикот не поседува потврда за сите поправки.
Голем дел од правилата постоеја и порано, но во пракса не се применуваа. Но, со новиот закон се предвидуваат строги и ригорозни контроли, според кои техничкиот преглед ќе може да го поминат само исправни автомобили.
Слично
