Економија, финансии, бизнис

Контакт

Од 5 мај до крај! Ќе има правда, ќе има мир-порачуваат од „Протестирам“

Од 5 мај до крај! Ќе има правда, ќе има мир-порачуваат од „Протестирам“

„Од 5 мај до крај! Ќе има правда, ќе има мир“-порачуваат од движењето  „Протестирам“ на Фејсбук.

„После повеќе од една година протести, преговори помеѓу партиските лидери и меѓународна медијација, стигнавме до работ. Оваа криза со преговори не се решава, затоа што со криминалци не се преговара. Оваа криза се решава само и исклучиво на улица!“ - велат од  „Протестирам“.

Ги повикуваат сите оние сограѓани и сограѓанки, особено оние кои сѐ уште не се вклучиле во протестите, да се вклучат - тоа да го сторат на начин на кој што знаат и умеат и да ја врамат пораката како што тие мислат дека треба.

„Протестирам не е проект со ограничено времетраење ниту пак нечиј инструмент за постигнување некаква цел - тоа е нов менталитет на МОЌНИ граѓанки и граѓани, кои извикуваат ДОСТА Е, но и кои самите ја градат визијата за подобро општество!“ - додаваат од движењето.

Се протестира секој ден освен недела со почеток во 18 часот од пред СЈО.

Слично

Поврзани вести