Од 22 јуни хотелите почнуваат со работа, Владата го донела Протоколот
Хотелите почнуваат со работа од 22 јуни годинава.
Ова на фејсбук го објави министерот за економија Крешник Бектеши.
Тој напиша дека Владата на денешната седница го донела протоколот за работа на угостителските објекти за сместување.
„Од понеделник 22 jуни почнуваат со работа хотелите.
На денешната седница на Владата го донесовме Протоколот за работа на угостителските објекти за сместување.
Како Министерство за економија доставивме предлог протоколи кои се усогласени со Европската комисија за целосна заштита на гостите во угостителските објекти“, напиша Бектеши на фејсбук.
Слично
