Од 2030 на одмор со воз на Јадранот во Албанија и на Црно Море во Бугарија
Во 2030 со воз ќе се патува од Јадранот во Албанија до Црно Море во Бугарија. Ова е предвидено со трипартитниот договор на Македонија, Бугарија и Албанија што го потпишаа директорите на „Македонски железници“, на бугарската „Железничка инфраструктура“ и на „Албански железници“, Хари Локвенец, Красимир Папукчиски и Ани Дирмиши вчера во Софија.
Трасата и на македонската страна ќе биде предизвик, бидејќи ќе има околу 100 мостови и 40 тунели, а цената на изградба е над 500 милиони евра. Ќе има многу услови и во зоната на Охридското Езеро кое е под заштита на УНЕСКО.
За реализација на проектот Македонија и Албанија имаат обезбедено заеми од Европската инвестициска банка и од Европската банка за обнова и развој.
Коридорот 8 е во вкупна должина од над 1.200 километри.
