Економија, финансии, бизнис

Контакт

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

За облеката наменета за пазарот на Европската Унија(EУ), дигиталните пасоши би можеле да се воведат од 2027 година за да се докаже нејзиното потекло, што се податоци што потрошувачите ќе можат да ги видат со скенирање QR кодови или електронски ознаки, објави денеска Ројтерс.

Со скенирање на QR код, потрошувачите ќе можат да проверат дали тврдењата на модната марка за „зелено“ или еколошко потекло на одредено парче облека се точни.

Дигиталните пасоши ќе им кажуваат на потрошувачите од што е направена облеката, колку енергија, вода и хемикалии се користени за нејзино производство, како и кој учествувал во секоја фаза од нивното производство.

Добавувачите на текстил од Бангладеш, вториот најголем извозник на облека во светот, можеби ќе мора да ја имплементираат првичната верзија на дигитален зелен пасош за облека извезена на европскиот пазар уште во 2027 година, според анализата на Истражувачката служба на Европскиот парламент.

foto freepik.com/jcomp

Слично

Поврзани вести