ОД 1.НОЕМВРИ ТЕ-ТО ПОЧНУВА СО РАБОТА: „Цената на струјата нема да биде поскапа“
Од 1 ноември ќе работи когенеративната термоелектрана ТЕ-ТО,
соопшти денеска министерот за економија Крешник Бектеши.
Како што рече Бектеши по средбата со претставници на прехранбената индустрија, топлинска енергија ќе има.
Министерот нагласи дека државата се грижи криза да не биде на грбот на граѓаните.
-Мислам дека струјата нема да биде поскапа. Имаме механизми како Влада, ако тоа се злоупотреби можеме директно да донесеме одредени одлуки согласно за замрзнување на одредени цени на основни прехранбени производи, одговори денеска Бектеши на новинарско прашање по средбата со претставници од прехранбената индустрија.
ФОТО: МИА.мк
Слично
