Економија, финансии, бизнис

Контакт

Од 19 јуни наваму во Македонија поминале над 64 000 мигранти

Од 19 јуни наваму во Македонија поминале над 64 000 мигранти

Над 64 000 мигранти поминале низ Македонија во изминатите четири месеци.

Од 19 јуни, кога беше усвоен законот за мигрантите, досега се поминати 64 522 мигранти.

Во изминатото деноноќие се издадени 1936 потврди на илегални мигранти. Најмногу се од Сирија - 1525, 154 се од Ирак, 119 од Авганистан, 94 од Пакистан и 94 од различни земји.

Сите мигрнти пристигнуваат организирано од Грција, која ги транспортира мигрантите со автобуси и возови до пограничниот град Гевгелија.

Речиси сите мигранти потоа се насочуваат кон српскиот граничен премин Табановце.

Слично

Поврзани вести