Од 12 до 273 долари: Тим Кук го предава Apple по ера на силен раст на акцијата
Apple на 20 април соопшти дека Тим Кук ќе се повлече од функцијата извршен директор, а од 1 септември 2026 година компанијата ќе ја преземе Џон Тернус. На денот на објавата, акцијата на Apple затвори на 273,05 долари, што ја заокружи една од најуспешните берзански приказни во модерната технолошка индустрија.
Кога Кук го презеде Apple во август 2011 година, split-adjusted вредноста на акцијата се движеше околу 12 долари. Денес, со цена од 273 долари на денот кога беше најавено неговото заминување, бројките јасно ја покажуваат тежината на неговиот мандат и трансформацијата на Apple во период од речиси 15 години.
Слично
