Од 1 март сметките ќе ги плаќаме во пошта со пониски провизии
Во новата 2021 година граѓаните повторно ќе можат да ги плаќаат сметките во пошта.
Од први март плаќањата ќе се реализираат со пониски провизии, а договорот со Халкбанк се очекува да биде потпишан до крајот на годината. Директорот на Пошта, Јани Макрадули изјави дека враќањето на репутацијата која порано ја имаше Пошта е приоритет.
Владата ја прифати како најповолна понудата на Халкбанк АД Скопје во согласност со двата усвоени критериуми за евалуација на понудата, и тоа во однос на рокот за почеток на имплементација на договорот од 2 месеци, како и во однос на процент на поделба на остварениот заеднички приход во висина од 71 отсто за Пошта на Македонија со 29 отсто за Халкбанк АД Скопје.
Во август пропадна Еуростандард банка, по што граѓаните не можеа да ги плаќаат сметките во пошта.
