Економија, финансии, бизнис

Контакт

Од 1 февруари поголеми акцизи, ќе купуваат бензин во Македонија

Од 1 февруари поголеми акцизи, ќе купуваат бензин во Македонија

Новите зголемени акцизи на горивата во Србија стапуваат во сила од 1 февруари, со што се очекува дополнително да поскапат и онака едни од најскапите дериватио на Балканот. Српските медиуми известуваат дека граѓаните уште повеќе ќе купуваат бензин и дизел во соседството. Ова особено важи за јужниот дел од Србија од каде резервоарите ги полнат во Македонија.

За безоловен бензин, акцизите се повисоки за 1,10 динари. И за дизел, акциите на петокот се зголемени за 1,13 динари. Одлуката за зголемување на акцизата беше потпишана од премиерот Ана Брнабиќ. 

Од Здружението на нафтените компании пбвинија дека акцизите за дизел се највисоки во регионот.

"Во Србија имаме одредена количина на гориво, што не е мала, која се троши Србија, но не се набавува во земјата, без оглед на тоа дали станува збор за камиони во транзит или тоа е интернационален транспорт. Граѓаните и странци често ги користат можностите да наточат во соседните земји, бидејќи тоа е поевтино.Тоа е така само поради пониските даноци", изјави Томислав Мицовиќ од Здружението на нафтени компании од Србија.

Новите акцизи не се применуваат само за нафтени продукти. На удар ќе биде и тутунот,  кафето и алкохолните пијалаци.


Слично

Поврзани вести