Очекувано Мијалков не дојде на сослушување во Анкетната комисија
Скептицизмот на претседателот на Анкетната комисија за прислушувањето Петре Шилегов кој утрово го соопшти се потврди.
Екс директорот на УБК не се појави пред пратениците на Анкетната комисија како сведок предложен од пратеничката група на СДСМ.
Имено, Мијалков како и вчерашните сведоци, Премиерот Никола Груевски, вицепремиерот Ставрески и сорабтникот на премиерот Протуѓер не се појави на сослушување .
Сослушувањето по барање на ВМРО-ДПМНЕ ќе се одвива зад затворени врати за јавноста бидејќи како што информираа од комисијата ќе имало доверливи информации кои не требало да бидат достапни за јавноста.
На листата сведоци на ВМРО-ДПМНЕ беа премиерот Груевски, вицепремиерот Ставрески и поранешната министерка за внаатрешни работи Јанкулоска, а на листата на СДСМ се Мијалков, Јанакиески и Протуѓер.
Сведоците по своја волја треба да дадат искази за фактите, околностите, меѓутоа и за содржината и нивната политичка одговорност за објавените прислушувани разговори.
Анкетната комисија содржи сум членови од ВМРО-ДПМНЕ, четири на СДСМ, двајца од ДУИ, еден од ДПА и еден независен, и истата беше формирана како обврска од договорот од Пржино а целта е да ја дефинира политичката одговорност поврзана со прислушувањето и содржината на објавените материјали.
