Економија, финансии, бизнис

Контакт

Очекувајте пороен дожд попладне-Какво време не чека деновиве?

Очекувајте пороен дожд попладне-Какво време не чека деновиве?

Со прилично нестабилно време со врнежи до пороен дож и грмотевици ќе бидат зафатени повеќе места на југоисточниот и источниот дел од земјава.

Облачното врнежливо време ќе продолжи и неделава а за викендов се очекува нов влажен бран посебно во источниот и северниот дел на земјава.

Во текот на вечерта и ноќта кон четврток врнежите ќе се интензивираат во јужната половина од земјата, а ќе се шират постепено кон северниот регион.

Минимална температура ќе се движи во дијапазоот од 2°С до 6°С додека максималната вредност ќе достигне  околу 15°С во поголем дел долж течението на Вардар и котлините во источниот регион. На запад пак, низ поголемите населени места се очекува максимална околу 13°С.

Во Скопје се најавува претежно облачно време а врнежи ќе има во текот на ноќта. Минималната температура ќе има вредности околу 4°С, додека максималната температура ќе има вредност околу 14°С.

Слично

Поврзани вести