ОЧЕКУВААТ ОПОРАВУВАЊЕ: Почна туристичката сезона во Грција
Стартува туристичката сезона во Грција. Јужниот сосед очекува повеќе од 150 меѓународни летови да пристигнат овие два дена на 14-те регионални аеродроми.
„Го креваме сидрото“, изјави министерот за туризам Харис Теохарис, откако и официјално ја прогласи летната сезона за отворена.
Лани, Грција имаше намалување на посети од 78,2 отсто. Земјата од рекордни 34 милиони гости во 2019 година падна на само 7,4 милиони. Грција се надева дека летово ќе успее да постигне половина од посетеноста од пред две години.
Македонските граѓани од вчера можат да патуваат во Грција.foto freepik
Слично
