Економија, финансии, бизнис

Контакт

Очекуваат Косово да го предадеме на тацна, вели Вучиќ

Очекуваат Косово да го предадеме на тацна, вели  Вучиќ

Очекуваат Косово да го предадеме на тацна, вели српскиот претседател Александар Вучиќ.

Вели дека очекуваат дека Србија се помирила и дека во 1999 година била бомбардирана со право.

„Откако рековме дека нема да се откажеме од меѓународните повелби, Уставот на Србија и територијалниот интегритет, тогаш тие почнаа да прават проблеми“, рече Вучиќ. 

Тој изјави дека Србија настојува да си ги зачува „државата, името и презимето“, но дека се „плаши“ дека ќе мора да бидат уште посилни и поцврсти на тој план, пренесе Бета.

„Правете што сакате и надворешно и внатрешно, но нема да добиете независно Косово како што се надевате. Ќе треба да поставите други“, рече Вучиќ.

Вучиќ зборуваше и за најавата на Србите од Косово кои и дадоа рок до 1 јуни на Приштина „да престане со провокациите“ и додаде дека е загрижен поради тоа.

На Косово денеска стапија на функција новите градоначалници во српските општини Северна Митровица, Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток.  Тие се од редовите на албанската заедница.

Избрани се на локалните избори на 23 април кои ги бојкотираа Србите. Положија заклетва, а  знамето на Косово е истакнато  на општинската зграда во Северна Митровица.  

Директорот на канцеларијата за Косово, Петар Петковиќ вели дека почна „окупацијата“ на северот на Косово. 

Фото: Александар Вучиќ/принтскрин

Слично

Поврзани вести