ОЧАЈНИЧКИ ПОТЕГ: Еве ви нафта, дајте ни храна
Венецуела и продава нафта на Јамајка во замена за храна, лекови, земјоделски производи и градежен материјал.
Јамајка најави дека ќе обезбеди околу 4 милиони долари во вид на стоки и услуги за Венецуела.
[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/MonterioMA/status/754673290333921280?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]„Би можело да се рече дека тоа се добра и услуги за нафта“, рекол Весли Хјуз, директор на Фондот за развој на Јамајка.
„Венецуела треба да одлучи што им е потребно“, порачал тој.
Овој облик на плаќање е дел од трговскиот пакт меѓу двата народи.
Венецуела се соочува со недостиг на храна и лекови. Забележани се потрсени фотографии на луѓе кои со часови чекаат во супермаркетите како би купиле основни животни намирници. Се случува и пациенти да умрат поради лошо снабдените болници.
И покрај тоа, Владата на Венецуела одби меѓународна хуманитарна помош.
