Очајна Сиријка вели дека ќе си го убие детето ако не се отвори границата
Халаф Алкорде од Сирија, очајна зборуваше пред телевизиските камери и ги преколнуваше турските власти да им дозволат да ја поминат границата и да одат во други европски земји.
,,Ќе си го убијам детето пред сите ако властите и ОН не ни помогнат да се извлечеме оттука и да заминеме кон Европа”, се закани бегалката.
Таа е една од стотиците жени бегалки кои веќе неколку дена се наоѓаат на автобуската станица во Истанбул, а се обидуваат да тргнат кон Грција или Бугарија.
Турските власти не им дозволуваат на бегалците да се приближат до автобусите кои сообраќаат кон тракискиот регион од земјата.
Слично
