Оценките на екстерното годинава повисоки од лани
Просечната оценка на екстерното тестирање на учениците годинава е 3,63 и за 0,38 поени е повисока од лани, покажаа податоците што ги објави Министерството за образование и наука.
Ресултатите од тестирањето со кое беа опфатени сите ученици од 4-то одделение до 3-та година средно образование, од вчера се истакнати на огласните табли во 680 училишта.
Оценките ќе им влезат во сведителствата на учениците, а со спооредба ќе се утврдува и колку наставниците отстапиле во делењето на оценките. До 1- ви септември ќе се знае кои наставници ќе имаат повисока или пониска плата.
„Нема да има смисла целиот процес доколку некој не биде казнет , така беше и концептот за да имаме рално оценување“, рече министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми.
Од основните училишта, највисока просечна оценка имаат учениците од О.У. „Гоце Делчев“ во општина Центар (просечна оценка речиси чиста 5-ка или 4,94), а најниска оценка имаатучениците од О.У. „Сандо Масев“ во село Баница, Струмица (само 1.93). Од средните училишта, најдобро поминале учениците од гимназијата „Орце Николов“ (4.57), а најслаба просечна оценка има кај средношколците во текстилното „Ѓоце Стојчевски“ во Тетово (2.03).
Најдобра просечна оценка 4,42 е постигната по предметот естетика, најслаба по предметот технологија на обработка, двојка. Незадоволните ученици можат да поднесат приговори од денеска до 27 јуни.
Слично
