Економија, финансии, бизнис

Контакт

Обвинувања на рати: По таткото и чичкото, сега на тапет и братот на Заев

Обвинувања на рати: По таткото и чичкото, сега на тапет и братот на Заев
Вчера почна, денеска продолжува на прес-конференција министерот Никола Тодоровго да го обвинува лидерот на СДСМ и градоначалник на Струмица Зоран Заев за местење тендери и нивно доделување на најблиските членови на семејството. Денеска министерот изнесе документи, за кои рече дека  докажуваат дека имало непотизам, а општина Струмица склучувала договори со фирми во сопственост на семејство на опозицискиот лидер. „Фирмата „Сара Јавор Инженеринг“ ДОО Струмица, чиј сопствениците се,  Вице Заев, родениот брат на Зоран Заев и Горан Крстев, човек добро познат во Струмица и човек кој се појавува како сопственик, ко-сопственик или член на Управен одбор на уште неколку фирми и се смета за еден од најблиските бизнис партнери и соработници на Заев, склучува договор за јавна набавка на ден 28 февруари 2011 со Општина Струмица во вредност од 348.808 денари за тампонирање на паркинг простор пред Градската капела во Струмица“, вели Тодоров и заклучува дека општината Струмица чиј градоначалник е Зоран Заев склучува договор со фирмата на неговиот роден брат Вице Заев. Тодоров ова обвинување го додаде на вчерашното, каде покрај останатото рече дека околу 30 милиони денари од општината биле префрлени и на приватната сметка на таткото на Заев. Од СДСМ пак ги негираа ваквите тврдења и велат дека се работи за добиен тендер на фирма во 2011 година, кога братот на Заев воопшто не работел во споменатата фирма. „За тендерот за кој што зборуваат доделен е на фирмата САРА ЈАВОР ИНЖЕНЕРИНГ, во 2011 година. Господинот Вице Заев, брат на претседателот Зоран Заев, станува сосопственик во фирмата Сара Инжинеринг, јули, оваа година. Значи зборуваме за тендер што е доделен пред 2 години, кога совршено е јавно дека немало допирни точки на фирмата со семејството Заеви“, велат од СДСМ.
Слично

Поврзани вести