Економија, финансии, бизнис

Контакт

Обвинителството поднесе жалба на Одлуката за условниот отпуст на Кежаровски

Обвинителството поднесе жалба на Одлуката за условниот отпуст на Кежаровски

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска поднесе жалба на Одлуката за условен отпуст на осуденото лице Томислав Кежаровски.

Во соопштението до Фактор обвинителството наведува дека во законски предвидениот рок, надлежниот јавен обвинител ја разгледал Одлуката за условен отпуст донесена од страна на Основниот суд Скопје 1.

Сметајќи дека со одлуката погрешно е утврдена фактичката состојба во случајот и дека осуденото лице не ги исполнува условите за условен отпуст, надлежниот јавен обвинител поднесе жалба на одлуката, се вели во соопштението.​

Слично

Поврзани вести