Економија, финансии, бизнис

Контакт

Обвинителството ќе решава дали Заев ќе биде приведен

Обвинителството ќе решава дали Заев ќе биде приведен

Од Основниот суд во Скопје, го известиле Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција Скопје, дека лидерот на СДСМ, Зоран Заев не ги почитува мерките за претпазливост, односно не се јавува еднаш неделно пред судот во Струмица.

Сега, обвинителството треба да одлучи дали ќе изречи друга мерка за обезбедување на опозицискиот лидер, како на пример, да даде предлог за негово приведување.

Од Кривичниот суд велат, дека се појавил Заев во судот во Струмица, само на 4 август годинава, кога бил викнат да даде изјава. Тој повторно образложил зошто одлучи да го бојкотира судењето за случајот ,,Пуч".

„Инаку и понатаму останувам на таа изјава за непочитување на мерката на претпазливост, меѓутоа напоменувам на органите на прогонот во секој момент сум достапен, не мислам да се дадам во бегство и натаму останувам во Македонија и тоа на подрачјето на Општина Струмица и Општина Скопје. Тоа е сé што имам да кажам“ - рекол Заев.

Заев го бојкотира овој случај од 13 јули, кога на прес конференција изјави дека нема да го почитува судот бидејќи верува оти тој е е под целосна контрола на власта.

Слично

Поврзани вести