Економија, финансии, бизнис

Контакт

Обвинителството ќе ја деблокира сметката на ,,Макпетрол”, но ќе го следи нејзиното работење

Обвинителството ќе ја деблокира сметката на ,,Макпетрол”, но ќе го следи нејзиното работење

Од јавното обвинителство информираат дека дошле до дополнителни докази за компанијата ,,Макпетрол'', со кои заклучиле дека потребно е да се ослободи сметката на фирмата, објави  Утрински весник.

Од таму велат дека е потребно да се обезбеди непречено работење на компанијата поради тоа што ,,Макпетрол" има обврски за снабдување со енергенси на други субјекти, но и поради тоа што во трети правни лица, оваа компанија се јавува како единствен содружник и извор на финансиски средства за нивното работење.

Од Обвинителството посочија дека и покрај одмрзнувањето на сметката, тие ќе продолжат да го надгледуваат работењето на „Макпетрол“ и на „Оилко КДА“.

Инаку, во случајот на  „Макпетрол“, МВР минатата недела поднесе кривична пријава за 21 лице.  Тие се осомничени за злоупотреба на службената положба и овластување, односно за незаконско прелевање на капитал од „Макпетрол“ во Командитното друштво „Оилко КДА“.

Слично

Поврзани вести