Економија, финансии, бизнис

Контакт

Обвинителството да ги повика сведоците за кривичните против Миноски и Бришкоска – бара СДСМ

Обвинителството да ги повика сведоците за кривичните против Миноски и Бришкоска – бара СДСМ

СДСМ денеска го повика Јавното обвинителство да ги повика сите сведоци за кривичните пријави против министерот за финансии, Кирил Миноски и заменик министерот за правда, Билјана Бришкоска.

„Гувернерот Богов, во интервјуто за Алсат-М телевизија, обидувајќи се да го оправда своето присуство на конференциската врска со агентите и кредиторите одржана на 18 јули 2016 година, еден ден пред издавањето на незаконската еврообврзница од 450 милиони евра, потврди незаконско присуство на заменик министерот за правда, Билјана Бришкоска. Согласно изјавата на министерот за правда, заклучно со 24 јули 2016 година до Министерството за правда ниту една една институција се немала обратено во врска со издавањето на еврообврзницата и некој друг освен министерот за правда немал овластување да го претставува министерството. Оттука, го повикуваме Основното јавно обвинителство, пред да донесе решение по поднесените кривични пријави против Миноски и Бришкоска, да ги повика сите наведени сведоци во пријавите, поради тоа што еден од посочените сведоци, Богов, јавно призна за конференциската врска“ - наведуваат од СДСМ.

Од партијата велат дека секое друго постапување на Основното јавно обвинителство ќе го сметаат за одлучување врз основа на партиско влијание.

Слично

Поврзани вести