ОБВИНИТЕЛСТВОТО БАРА ВЕШТАЧЕЊЕ – Дали се веродостојни снимките од „фабриката за пасоши“?
Обвинителството наредило вештачење на фото и видео материјалите од наводната илегална фабрика за пасоши, што ги објави весникот „Фокус“. По налог на Обвинителството, МВР ќе треба да изврши вештачење и да утврди дали снимките се веродостојни. Вештачењето ќе се врши по пат на дигитална форензика.
Премиерот Груевски денеска ја обвини опозицијата дека ја фалсификувала оваа афера.
„Тоа е груб обид да се наметне на некого вина дека изборите ги изгубиле зашто некој фалсификувал 200.000 гласови“, рече Груевски.
Во сигурноста на македонските патни исправи во последните неколку дена уверуваше и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.
Слично
