Економија, финансии, бизнис

Контакт

Обвинителство поднесе обвинение: Возачот што ја прегази Фросина ќе одговара

Обвинителство поднесе обвинение: Возачот што ја прегази Фросина ќе одговара

Од Основното јавно обвинителство соопштија дека возачот што ја прегази младата Фросина од Крива Паланка во април годинава ќе се соочи со обвинителен акт.

Обвинетиот се товари за две кривични дела:  Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот и  Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода .

Во текот на спроведената истрага се пронајдени  материјални траги – остатоци од ДНА профили кои потврдиле дека лицето кое се предало во полицијата истата вечер како сторител на незгодата ја прегазило Фросина.

Истрагата покажала дека брзината со која обвинетиот го управувал возилото е пречекорена и не обрнал внимание приближувајќи се кон крстосницата и пешачкиот премин, а исто така вештањето покажало дека кај осомничениот во моментот на случување на сообраќајната несреќа било забележано присуство на а 1,23 промили на алкохол во крвта.

Семејството на Фросина смета дека вистинскиот убиец е на слобода

Семејството на дваесетгодишната Фросина Цекова од Крива Паланка, која беше прегазена кај Универзална сала, се сомнева во истрагата.

По разговорот со Обвинителството, таткото на Фросина верува дека вистинскиот убиец е на слобода.

Тој вели дека отпечатоците на човекот кој сам се пријавил дека ја прегазил Фросина, не се совпаѓаат со отисоците кои се пронајдени при истрагата. Тој се сомнева дека отисоците од воланот биле избришани и дека лицето кое се пријавило во полиција не е вистинскиот убиец.

- Некој јак човек стои позади ова, вели таткото на Фросина.

Фросина Цековска пред неколку месеци загина пред Универзална сала, откако возило со огромна брзина ја прегази на пешачкиот премин на Партизанска, а возачот избегал од несреќата, за после неколку часа сам да се пријави во полиција.

Таа околу 20 часот и 50 минути загина на лице место откако во неа удри возило Хонда, кој го управувал Љ.Б 26 годишен скопјанец.

Слично

Поврзани вести