Обвинителство по Велигден ќе ја гледа снимката што ја објави Заев
Обвинителството се уште не ја видело снимката што ја облодени опозцијата, а за која се тврди дека е корупциски скандал во кој е вмешан лично премиерот Никола Груевски со бизнисменот Јовица Стефановиќ-Нини и уште еден посредник.
„Се уште ја немам погледнато прес конференцијата на СДСМ. Не знам за што се работи, но откако ќе ја погледнеме ќе одлучиме како понатаму ќе постапи Јавното обвинителство, вели за Фактор Јавниот обвинител Марко Зврлевски.
Од Јавното обвинителство најавуваат дека по празниците, односно следната недела ќе се изјаснат како и дали ќе постапат во овој случај. „Снимката ќе ја погледнеме по празниците. Велигден е , не се работи. Но веднаш по празниците ќе биде погледнат материјалот, за да видиме за што се работи и како понатаму ќе постапиме, додава Зврлевски.
Слично
