Економија, финансии, бизнис

Контакт

Обвинителство го испрашувало Заев повеќе од три часа

Обвинителство го испрашувало Заев повеќе од три часа

Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција дека повеќе од три часа го испитуваше лидерот на опозицијата Зоран Заев поради обвинение дека барал 200 000  евра мито од струмички бизнисмен.

Заев изјави дека нема да изнесува детали за презентираните докази, како и во кој правец се води постапката, но оцени дека е смешно она што му е претставено.

„Ова е прв предмет во кој нема пари, а се води поради пари“, додал Заев.

Него правосудните власти го теретат од ноември 2013 година во својство на градоначалник на општина Струмица, од лице од тој град, директно за себе и други барал подарок, односно износ пресметан по две евра по метар квадратен од градежно земјиште во Струмица, за кое бизнисменот бил заинтересиран да го приватизира.

Знаејќи дека се работи за земјиште со вкупна површина од околу 100 000 метри квадратни тоа значи дека Заев побарал 200 илајди евра, соопшти неодамна МВР.

Продолжението на давање исказ е закажано за во вторник.

Слично

Поврзани вести