Обвинителство бара притвор за лекарот Ставриќ
Основното јавно обвинителство Скопје, согласно своите законски овластувања започна постапка, и до судот поднесе предлог за определување мерка притвор за лицето кое беше уапсено вчера од МВР, објавија од Обвинителството.
„Во текот на вчерашниот ден, 06.05.2014 година, од страна на Министерството за внатрешни работи е лишено од слобода едно лице заради основано сомнение дека сторило кривично дело – Противзаконито посредување од чл.359 од Кривичниот законик. Постапувајќи согласно законот Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје“, стои во соопштението, во кое се наведува дека постапката е во тек.
За ова кривично дело МВР вчера го уапси офталмологот Дејан Ставриќ, кој е осомничен дека земал поткуп за да посредува за добивање на инвалидска пензија.
Полицијата денеска го објави и видеото од вчерашната акција, кое можете да го погледнете на следниот линк:
(ВИДЕО) Офталмологот Ставриќ уапсен заради поткуп за инвалидска пензија
Слично
